Јунајтед и Челзи на мускули, Арсенал повторно лидер

Многу потешко од очекуваното, актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Јунајтед ја оправда фаворитската улога во првенствениот натпревар од вонредното 18. коло од Премиер лигата.

Избраниците на Дејвид Моес имаа негатива од два гола до 20 минута, но потоа со фуризона игра и со одредена дозна на среќа успеаа со 3:2 да слават во дуелот со новајлијата во елитното друштво, тимот на Хул.

За нијанса поубедлива победа, од 3:1. во градската пресметка против екипата на Вест Хем, забележа лондонскиот гигант Арсенал, а минимална победа од 1:0 во дуелот со гостинот од Свонси, забележаа фудбалерите на Челзи.

Резултати: Хул – Манчестер Ј. 2:3, Астон Вила – Кристал Палас 0:1, Челзи – Свонси 1:0, Вест Хем – Арсенал 1:3, Њукасл – Стоук 5:1, Евертон – Сандерленд 0:1, Тотенхем – ВБА 1:1, Кардиф – Саутемптон 0:3, Норвич – Фулам 1:2.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.