Јунајтед „исплескан” и од Олимпијакос

Актуелниот шампион на Грција, тимот на Олимпијакос е последниот што може да се пофали дека го има победено и понижено најтрофејниот клуб од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед.

Првиот 1/8 финален натпревар од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, одигран во Пиреа, заврши со заслужен триумф на Олимпијакос од 2:0, а гостинот го одигра можеби најлошиот натпревар на европска сцена во актуелната сезона.

Наследникот на сер Алекс Фергусон, Дејвид Мојс повторно покажа дека го нема потребниот капацитет за да биде менаџер на Манчестер Јунајтед и дека под негово водство тимот функционира како петтолигаш.

“Очајна игра од моите фудбалери. Не очекував вакво нешто. Единствената позитивна вест е таа дека има и реванш натпревар во Манчестер. Знам дека на “Олд Трафорд” се одиграни неколку магични натпревари и се надевам дека и реванш дуелот против Олимпијакос ќе биде магичен. Јас сум виновен за овој пораз, ова е мој тим и знам дека можеме да одиграме многу подобро. Ова е најлошиот натпревар на европската сцена”, изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.