Спорт

Јунајтед како победник во трката по Лук Шоу

Јунајтед како победник во трката по Лук Шоу

Ако им се верува на фудбалските медиуми во Англија, тогаш стандардниот првотимец во дресот на Саутемптон, Лук Соу, на стартот од летниот преоден рок и официјално ќе биде претставен како најнова аквизиција на најтрофејниот клуб во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед.

Најтиражниот таблоид на Островот, “Сан”, пред неколку часа ја пласираше сезнационалната информација дека Манчестер Јунајтед веќе има излезено како победник во трката по потписот на18-годишниот лев бек, кој подолг временски период важеше за голема желба на лондонскиот премиерлигаш Челзи.

Преговорите помеѓу двата клуба се во завршна фаза, а од продажбата на новопечниот репрезентативец на Англија, Саутемптон очекува заработувачка од најмалку 27 мил. фунти. Најновата милионска аквизиција на Манчестер Јунајтед треба да потпише 5-годишен договор, а истиот му гарантира неделна заработувачка од 85 илјади фунти.