Јунајтед како потежок тренинг за Сити

Уште еден срамен пораз од 3:0, но сега од градскиот ривал, тимот на Манчестер Сити, доживеа актуелниот шампион и најголемо разочарување во актуелната сезона од англиската Премиер лига, тимот на Манчестер Јунајтед.

Траорната атмосфера, која стана заштитен знак на „Олд Трафорд”, завладее веќе во првата минута од натпреварот.

Првиот напад на Сити резултираше со погодок, а истиот беше дело на босанскиот интернационалец Един Џеко, кој се запиша во листата на стрелци и на стартот од второто полувреме.

Последниот погодок на натпреварот беше дело на одличниот играч за врска, Јаја Туре.

Предноста на домашниот терен не се покажа како доволна за фудбалерите на Арсенал кои иако имаа водство од 2:1 до 90 минута, на крајот освоија само еден бод во дуелот со секогаш незгодниот тим на Свонски.

Убедлив триумф од 3:0 на гостувањето во Њукасл забележаа фудбалерите на Евертон и така останаа во игра за четвртата позиција на табелата која гарантира настап во последното квалификациско коло од Лигата на шампиони.

Денеска ќе бидат одиграни заостанатите натпревари: Вест Хем – Хал, Ливерпул  – Сандерленд.