Јунајтед ќе добие 940 милиони евра од Адидас

Англискиот премиерлигаш Манџестер Јунајтед, потпиша десетгодишен договор со Адидас, вреден 940 милиони евра . Клубот од Олд Трафорд ќе почне да ги носи дересовите на Адидас од следната сезона , откако ќе истече актуелниот договор со Најк , кој цели 13. години ги облекуваше “црвените ѓаволи”.

Со овој договор Јунајтед го престигна Арсенал чии нов договор со Пума на пет години има вредност од 19 милиони евра по сезона.