Јунајтед ќе плати 36 милиони евра за Херера

Раководните лица на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед најпосле ќе успеаат во намерата да ги осигураат услугите на малдиот играч за врска од редовите на шпанскиот прволигаш Атлетик (Б), Андер Херера.

Челниците на “црвените ѓаволи” поробаа и минатото лето да ги осигураат услугите на 24-годишниот играч за врска, но официјалната понуда од 30 мил. евра експресно беше одбиена од раководните лица на Атлетик (Б) со образложение дека Херера ќе добие дозвола за преселба на “Олд Трафорд” доколку Јунајтед ја исплати ослободителната клаузула во неговиот договор.

За разлика од минатото лето, сега челниците на Манчестер се подготвени да ја исплатата ослободителната клаузула во неговиот договор вредна 36 мил. евра.

Во изминатата сезона, Баскиецот одиграа 33 натпревари во Примера дивизион и постигна пет погодоци.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.