Јунајтед ќе плукне 100 милиони евра за Ди Мариа и Хумелс

Новиот менаџер на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, Луи ван Гал, планира да потроши уште најмалку 100 мил. евра за време на летниот преоден рок.

Искусниот холандски стручњак веќе потроши околу 29 мил. фунти за да ги осигура услугите на стандардниот првотимец во дресот на шпанскиот прволигаш Атлетик (Б), Андер Херера, а 31 мил. фунти беа потрошени на новопечниот репрезентативец на Англија и сега веќе поранешен лев бек на Саутемптон, Лук Шоу.

Пред неколку дена, Ван Гал ги информирал клупските челници дека сака во новата клупска сезона на располагање да ги има и услугите на аргентинскиот интернационалец од редовите на новиот европски клупски шампион Реал (М), Анхел ди Мариа, но и тие на репрезентативецот на Германија, Матс Хумелс.

Холандскиот стручњак е убеден дека Ди Мариа може да биде купен доколку официјалната понуда за крилниот напаѓач не биде помала од 60 мил. евра, а услугите на централниот дефанзивец на Борусија од Дортмунд ќе бидат осигурани со официјална понуда не помала од 40 мил. евра.