Јунајтед ќе понуди 15 милиони фунти за Колман

Раководните лица на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед се убедени дека за време на летниот преоден рок ќе ги осигураат услугите на стандардниот првотимец во дресот на Евертон, Шејмус Колман.

Англиските медиуми се убедени дека челниците на Манчестер Јунајтед на стартот од летниот преоден рок ќе испратат официјална понуда за репрезентативецот на Ирска и дека истата нема да биде помала од 15 милиони фунти.

И покрај големиот интерес од страна на Манчестер Јунајтед, менаџерот на Евертон, Роберто Мартинез е убеден дека офанзивниот десен бек и во новата клупска сезона ќе престојува на „Гудисон Парк“.

„Ние нема да охрабриме ниту еден тим, нема да испратиме таков сигнал дека сме подготвени да седнеме на преговарачката маса. Колман има договор со Евертон и ние имаме потреба од таков фудбалер, сакаме тука да израсне во уште подобар играч. Да, Евертон има таква намера, ќе им понудиме нов договор на најдобрите фудбалери. Сакаме да ја продолжиме соработката со Баркли, Колман, Стонс и МеКарти“, изјави Мартинез.