Спорт

Јунајтед ќе понуди 57 мил. евра за Ди Мариа

Јунајтед ќе понуди 57 мил. евра за Ди Мариа

Сопствениците на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, се уште не се откажуваат од немарата да ги осигураат услугите на аргентинскиот интернационалец од редовите на актуелниот европски клупски шампион, Реал (М), Анхел ди Мариа.

Фудбалските медиуми на Островот, потврдија дека во следните неколку часа, челниците на Манчестер Јунајтед ќе испратат нова официјална понуда за крилниот напаѓач и истата нема да биде помала од 57 мил. евра.

Освен “црвените ѓаволи”, најголем интерес за репрезентативецот на Аргентина покажаа и челниците на најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ, но поради непочитувањето на правилата за Финансиски Фер-Плеј, “светците” можат да испратат понуда за едногодишна позајмица на Ди Мариа со опција да го откупат неговиот договор за 60 мил. евра на крајот од сезоната.