Јунајтед на мини-подготовки во Дубаи

Младиот играч за врска од редовите на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед, Том Клеверли е убеден дека „црвените ѓаволи” ќе се вратат на победничката патека откако ќе одработат мини-подготовките во Дубаи.
Шампионот на Англија ќе ја искористи паузата во националниот шампионат и во следните пет дена ќе престојува во познатиот тренинг центар во Дубаи.

„Ќе имаме пет дена на располагање и истите ќе ги искористиме за подобрување на формата и за зближување. Убаво е чуството кога се тренира во потопли услови. Истото го направивме и минатата сезона и тоа многу ни помогна. Мислам дека после овие мини-поготовки Манчестер Јунајтед ќе започне една долга победничка серија”, изјави Клеверли кој веќе подолг временски период игра во очајна форма.