Јунајтед нуди 50 милиони евра за Хумелс

Манчестер Јунјтед понуди 50 милиони евра за дефанзивецот од Борусија Дортмунд Матс Хелмес, пренесува „Дејли Мејл“.Како и да е, 25-годишниот фудбалер неодамна изјави дека би сакал уште долги години да игра за „милионерите“ кога ја слушна шпекулацијата дека можеби ќе премине во Барселона.

Хелмес кариерата ја започна во минхенски Баерн, а за Борусија од 2007 година одигра 227 меча и потигна 20 гола.

За селекцијата на Германија има одиграно 36 натпревари и постигнато 4 гола, а со репрезентацијата летово на Мундијалот ја освои титулата светски шампион.

Токму поради ова искусниот Хумелс е желба на богатите клубови од Стариот континент.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.