Јунајтед одби неморална понуда од ПСЖ за услугите на Јанузај

Близок извор до таборот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Јунајтед, потврди дека клупските челници пред неколку дена одбиле неморална понуда за услугите на младиот напаѓач, Аднан Јанузај, а истата била испратена од челниците на најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ.

“Не можам да откријам и не смеам да откријам колку понуди ПСЖ за услугите на Јанузај. Манчестер ќе заработеше огромна парична сума ако ја прифатеше понудата на францускиот клуб. Преговорите траеа многу кратко, само неколку минути. Заинтересираниот клуб веднаш беше информиран дека мора да го заборави Јанузај и дека младиот напаѓач уште многу сезони ќе престојува на “Олд Трафорд”, изјави блискиот извор до таборот на Манчестер Јунајтед.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.