Јунајтед подготвува вртоглава сума за Анхел Ди Марија

Ако може да им се верува на британските медиуми, Манчестер јунајтед има подготвено 125 милиони евра на Анхел Ди Марија.

Според последните информации толку ќе изнесува комплетниот трансфер на Аргентинецот, вклучувајќи ја и неговата петгодишна плата. На Ван Гал му стана јасно дека на овој тим на Јунајтед очајно му требаат врвни играчи, па така холандскиот стручњак посакува по секоја цена до крајот на преодниот рок да донесе засилување од светска класа, а изборот е паднат на Ди Марија кој не е во прв план во Реал Мадрид.

Јунајтед на Реал би му платил нешто повеќе од 60 милиони евра за трансферот на аргентинскиот фудбалер, а исто толку би отишле и за неговата плата во следните пет години, од 250.000 евра неделно. Со тоа висината на платата на аргентинскиот репрезентативец би ја достигнала онаа која во моментов кај „црвенита ѓаволи“ ја имаат само Вејн Руни и Робин ван Перси.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.