Јунајтед се сопна и во Стоук, трите бода императив за Арсенал

Саботните натпревари од 24. коло во англиската Премиер лига ќе бидат запаметени по новиот кикс на актуелниот шампион, Манчестер Јунајтед, кој иако беше предводен од напаѓачкото трио, Руни-Мата-Ван Перси, на крајот сосема заслужено со 2:1 беше поразен од домашниот тим на Стук.
Денеска ќе се одиграат два натпревара, а поголема неизвесност се очекува во Бирмингем, каде домашниот тим, ВБА, ќе се обиде да забележи позитивен резултат во дуелот со одличната екипа на Ливерпул.
Далеку полесна задача ќе имаат фудбалерите на Арсенал кои имаат обврска да забележат што е можно поубедлива победа во првенствената пресметка против екипата на Кристал Палас.
Резултати: Кардиф – Норвич 2:1, Евертон – Астон Вила 2:1, Стоук – Манчестер Ј., Њукасл – Сандерленд 0:3, Фулам – Саутемптон 0:3, Хал – Тотенхем 1:1, Вест Хем – Свонси 2:0.