Јунајтед се врати на победничката патека, Тотенхем никогаш поочаен

Со заслужениот триумф од 2:0 на гостувањето во Стоук, фудбалерите на Манчестер Јунајтед, ја исполнија зацртаната цел, пласман во полуфиналната рунда од најмасовното натпреварување на Островот, англискиот Лига Куп.

Првиот погодок на натпреварот беше дело на крилниот напаѓач, Ешли Јанг, а во листата на стрелци се запиша и капитенот на “црвените ѓаволи”, Патрис Евра.

Градската пресметка помеѓу екипите на Тотенхем и Вест Хем заврши со минимален триумф на “чеканите” од 2:1.

Тимот на Сандерленд ќе му биде противник на Манчестер Јунајтед во првиот полуфинален натпревар, а Манчестер Сити важи за голем фаворит во втората полуфинална пресметка против екипата на Вест Хем.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.