Јунајтед сигурен против Стоук

Во последниот натпревар од 23-то коло на англиската Премиер лига Манчестер Јунајтед на својот „Олд Трафорд“ го совлада Стоук Сити со 3:0 (2:0).

Стрелци за „црвените ѓаволи“ беа Антонио Валенсија во 9, Ентони Марсиал во 38 и Ромелу Лукаку во 72 минута.

Второпласираниот Јунејтед сега има 50 бодови, 12 помалку од водечкиот градски ривал Сити, а три повеќе од третиот Ливепрул и четвртиот Челзи.

Стоук остана во зоната на испаѓање, 18-ти е со 20 бодови, еден помалку од 17-от Саутемптон кој ја држи последната позиција којашто обезбедува останување во Премиер лигата.