Јунајтед сигурен, Сити во предолгото продолжение избори победа

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го задржаа стопроцентниот ефект по 3-то коло од Премиерлигата откако во саботата на домашен терен со 2:0 (0:0) со совладаа Лестер Сити, додека лутиот градски ривал Манчестер Сити дури во седмата минута од судиското продолжение го совлада Борнмут на гости со 2:1 (1:0).

Јунајтед долго но сигурно го кршеше отпорот на Лестер Сити, а во 53 минута Лукаку не успеа да реализира пенал. Но сепак во 70 минута „црвените ѓаволи“ дојдоа во водство, откако Маркус Рашфорд, кој во игра влезе само три минути порано најдобро се снајде во гостинскиот шеснаесетник по корнерот и ја спроведе топката во мрежата на Лестер. Конечниот резултат го постави Маруан Фелаини во 82 минута.

Манчестер Сити, незаслужено и со огромна среќа дојде до трите бода против Борнмут, откако победничкиот гол го постигна во седмата минута од судиското продолжение, иако четвртиот судија покажа дека ќе се доигруваат пет минути од натпреварот, а судијата Мајк Дин дозволи да се играат дури 10 дополнителни минути.

Борнмут дојде во водство во 13 минута со погодокот на Даниелс, а на 1:1 изедначи Габриел Џезус во 21 минута. Во второто полувреме Сити дури на моменти беше послабиот противник, но сепак среќно стаса до победата. Стрелецот на победничкиот гол Рахим Стерлинг биеше повеќе од очај, но топката се одби од домашниот капитен Сарман и ја промени насоката. Стерлинг потоа го заработи и вториот жолт картон и исклучувањето, поради тоа што радоста ја сподели со навивачите на Манчестер Сити.

Вест Хем Јунајтед и по третото коло нема освоено бод, откако „чеканите“ беа убедливо поразени на гостувањето кај повратникот во елитната англиска лига Њукасл Јунајтед со 0:3 (0:1). „Свраките“ дојдоа во водство во 35 минута преку Џоселу, по одличната асистенција на Атсу, а во последниот 20 минути од мечот празнината на половината на гостите ја искористија Кларк во 72 и Митровиќ во 86 минута.

Кристал Палас доживеа непријатен пораз пред своите навивачи со 0:2 од Свонси Сити. Стрелци беа Абрахам во 44 и Џи Ејив 48 минута.

Новиот премиерлигаш Хадерсфил Таун одигра без голови со Саутемптон, останувајќи непоразен и потри кола во својот прв настап во друштвото на најдобрите, но пропушти да испише историски старт со трета победа од исто толку мечеви. Без голови играше и новиот прволигаш Брајтон Хов Албион на гостувањето кај Ватфорд.

Манчестер Јунајтед засеа е единствениот клуб во англискиот шампионат со максималните девет бодови, два пред Манчестер Сити и Хадерсфилд Таун.

Во недела се играат натпреварите Челзи – Евертон, Вест Бромвич Албион – Стоук Сити, Тотенхем Хотспур – Барнли и дербито Ливерпул – Арсенал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.