Јуниорите поразени и од Естонија

Македонската јуниорска репрезентација го претрпе и четвртиот пораз на Европското првенство за играчи до 20 години во Австрија. „Црвено – жолтите” во мечот за пласман од 9. до 16 .место загубија од селкцијата на Естонија со 26:19 ( 14:9).

Естонците се покажаа како цврст противни за избраниците на селекторот Зоран Петковски. Тие уште на почетокот на натпреварот, успеаја да направат солидна предност која ја одржат до крајот на мечот.

Нјадобар поединец во редовите на нашата репрезентација беше Филип Ивановски, кој нанижа десет одбрани. Најефикасен во нападот беше Талески со седум голови.

“Црвено – жолтите” претходно во групната фаза загубија од Шпанија, Норвешка и Франција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.