Јункер: Без шенген еврото нема смисла

Во Европската унија ќе се зголеми стапката на невработеност доколку се распадне Шенген зоната, предупреди денеска претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

– Шенген зоната е една од најголемите достигнувања на процесот на европски интеграции. Без шенген, без слободно движење на работниците, без слобода на европските граѓани да патуваат, еврото нема смисла, изјави Јункер на прес-конференција во Брисел.

Според него постои поврзаност на шенген зоната со слободата на движење и внатрешниот пазар.

Ако некој сака да ја убие шенген зоната на крајот ќе го убие и заедничкиот пазар, а тоа ќе предизвика проблеми со невработеноста во Европа, наведе Јункер.