Јункер: До 2020 Грција може да добие помош од 35 милијарди евра

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер денеска изјави дека на Грција може да и се додели финансиска помош од 35 милијарди евра до 2020 година.

Тој пред Европскиот парламент рече и дека Грција ќе ја добие сумата само доколку ги исполни условите од економската програма. Јункер синоќа во Брисел имаше средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Во текот на вчерашната средба во Брисел помеѓу Јункер и премиерот на Грција Ципрас, не постигнаа договор, откако Атина не прифати да ги спроведе општествените реформи наложени од страна на кредиторите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.