вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 10

Јункер: Доколку ја напушти ЕУ Велика Британија ќе биде третирана како „трета земја“

Обединетото Кралство ќе треба да прифати да биде третирано како трета земја, која нема да биде милувана по главата, рече тој.

Јункер: Доколку ја напушти ЕУ Велика Британија ќе биде третирана како „трета земја“

Јункер: Доколку ја напушти ЕУ Велика Британија ќе биде третирана како „трета земја“

Последни вести

Доколку Велика Британија излезе од Европската унија ќе треба да прифати дека ќе ја третираме како трета држава, предупреди претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер во интервју за францускиот весник „Монд.

– Доколку Британците на 23 јуни гласаат против останувањето на земјата во ЕУ, животот во државата нема да се одвива како досега. Обединетото Кралство ќе треба да прифати да биде третирано како трета земја, која нема да биде милувана по главата, рече тој.

– Доколку Британците ја напуштат Европа, ќе треба да донесеме соодветни заклучоци, и ние и тие. Не се заканувам, но односите повеќе нема да бидат исти, додаде Јункер.

Во врска со вториот круг од претседателските избори во Австрија, кој се одржува в недела, Јункер посочи дека не постои можност ниту за дискусија, ниту за дијалог со екстремните десничари во оваа земја.

На прашањето да даде коментар за евентуалната победа на кандидатот на екстремната десница, Јункер изјави: „Во случај да надвладеат чистата и цврста десница и екстремните десничари, должен сум сум да кажам дека тоа не ми се допаѓа“.

Најчитани вести