Јункер е предложен за нов претседател на Европската комисија

Шефовите на држави и на влади на земјите-членки на Европската унија, предмалку се договорија да го предложат Жан-Клод Јункер за нов претседател на Европската комисија.  Јункер е предлогот што произлегува од Самитот на Европскиот совет за иден наследник на Жозе Мануел Барозо.

Според правилата, откако доби „зелено светло” од лидерите на ЕУ-земјите, за да седне на чело на неформалната Влада на Унијата, на Јункер му треба поддршка и од најмалку 376 европратеници во 751-члениот Европски парламент. Тоа, според договорот на Европските народни партии (ЕПП), кои го предложија за наследник на Барозо, и Партијата на европските социјалисти и демократи (ПЕС), веќе е обезбедено во Европарламентот и на 15 јули тој ќе биде официјално избран на седница во Стразбур.

Инаку, Јункер до лани беше 20-години премиер на Луксембург. Во меѓувреме, тој десет години ја предводеше и Еврогрупата. Искусниот луксембуршки политичар, за претседател на Комисијата беше предложен директно од германската канцеларка Ангела Меркел, што се покажа дека е доволно да го превземе кормилото од Барозо

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.