Јункер: ЕУ и Атина треба да најдат „заеднички пристап“ за финансиската состојба

Европската комисија ќе пристапи кон преиспитување на програмата за финансиска помош на Грција, најави синоќа претседателот на извршното тело на ЕУ, Жан-Клод Јункер, пренесува МИА.

– Монгу се радувам што премиерот на Грција, Алексис Ципрас и претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум се согласија дека е потребно детално преиспитување на програмата и на новите идеи на грчката Влада, изјави Јункер.

Според првиот човек Еврокомисијата, како што јави ТАСС, ЕУ и Атина треба да најдат „заеднички пристап“ кон финансиската ситуација во Грција.

Преседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, од своја страна, соопшти дека на синоќешниот Самит во Брисел, лидерите на ЕУ не преговарале со Ципрас за прашања поврзани со економските проблеми на Грција.

– Лидерите не започнаа преговори за Грција, изјави Туск на прес-конференција по завршувањето на Самитот на ЕУ.