петок, 28 април 2017  |  Вести денес: 18

Јункер го поздрави „гласот против екстремистите“ во Холандија

Портпаролот на Еврокомисијата, Маргаритис Шинас на неговиот налог на Твитер објави дека Јунер разговарал со Руте и му ја честитал победата.

133237584

Последни вести

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер го поздрави „гласот против екстремистите“, по изборите во Холандија на кои холандскиот премиер Марк Руте оствари победа над екстремниот десничар Герт Вилдерс.

Портпаролот на Еврокомисијата, Маргаритис Шинас на неговиот налог на Твитер објави дека Јунер разговарал со Руте и му ја честитал победата.

Резултатите од холандските избори на кои конзервативно-либералата Народна партија за слободоа и демократија (ВВД) на Руре освои најмногу гласови пред Партијата на слободата (ПВВ) на Вилдерс, се примени со олеснување во Брисел, во екот на стравот од растот на популизмот во Европа.

Анонимен европски извор, изјави дека „здравиот разум му возвратил на ударот“.

– Двојниот шок од Брегзитот и претседателските избори во САД, ја прават Европската унија сидор на стабилност и разум во светот на лудило, додаде изворот.

Шефот на кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, Петер Алтмајер, и честиташе на Холандија за „сјајниот“ избор, отакако нецелосните резултати од гласањето покажа дека ВВД освои 32 пратенички места, наспроти 19 што ги доби партијата на екстремниот десничар Вилдерс.

– Холандија ти си шампион!, напиша Алтмајер на неговиот Твитер налог.

Најчитани вести