Јункер: Грција е на вистинскиот пат

Грција е на вистинскиот пат за излез од кризата и мора да ја реализира програмата за реформи за која постигна согласност со своите кредитори, изјави денеска претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Денес Грција е на вистинскиот пат, резултатите се охрабрувачки, изјави Јункер на средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Атина.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, посакувајќи му добредојде во неговиот кабинет, Ципрас го нарече Јункер „вистински пријател на Грција“.

Грција може да сврти нова страница… само кон раст, рече грчкиот премиер.

На средбата се разговараше и за предизвиците од кризата со бегалците и мигрантите.

Ја користам оваа прилика да изразам восхит за грчкиот народ. Надворешните набљудувачи не може да го знаат ниту да го замислат товарот што го носите на вашите рамења… Затоа никој не треба да потценува. Барам да се почитува достоинството на Грците, рече Јункер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.