Балкан

Јункер: Грција може да добие три милијарди евра

Јункер: Грција може да добие три милијарди евра

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ја исклучи можноста од банкрот на Грција и покрај значителното забавување на преговорите меѓу Атина и меѓународните кредитори, објави МИА.

Јункер истакна дека грчката Влада може да добие околу три милијарди евра оваа година без да поднесе барање за овие пари пред кредиторите.Тој

ги поздрави напорите, направени од ЕК за поддршка на грчката Влада, додавајќи дека тие се главно насочени кон употреба на најдобриот можен начин на постоечките финансиски ресурси на ЕУ.

Во меѓувреме, грчката Влада покажа желба за компромис во преговорите, кои ги води со меѓународните кредитори за обезбедување транша од спасувачкиот план за Грција во износ од 7,2 милијарди евра.

Весникот „Вима“ денеска тврди дека властите во Атина се подготвени да го потпишат првиот пакет реформски мерки во износ од 2,6 милијарди евра.

Во интервју за грчката телевизија „Алфа“ претседателот на Асоцијацијата на грчките банки и гувернер на Националната банка, Лукас Кацелис побара што е можно побрзо склучување на договор со кредиторите.

Нема простор за смиреност, договорот треба да се склучи и да биде обновена ликвидноста, наведува Кацелис.

Приватниот сектор во Грција, исто така, го вклучи алармот за итен договор со кредиторите.

Пратеникот на владејачката партија СИРИЗА, Никос Маниос, пак, предупреди дека Грција може за 15 дена да банкротира.

-Буквално сум смрзната од такво можно „кредитно случување“, изрази загриженост пратеничката од грчката партија.