Јункер: Моја волја, моја желба е за да се избегне „грекзит“

Јункер: Моја волја, моја желба е за да се избегне „грекзит“

Претседателот на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер зборувајќи пред Европскиот парламент по извештајот на летонското претседателство со ЕУ, нагласи дека сака да се избегне сценариото на „грекзит“, односно излез на Грција од еврозоната, објави МИА.

– Моја волја, моја желба е за да се избегне „грекзит“. Време е да се најдеме на преговарачка маса, изјави Јункер.

Тој рече дека Европската комисија работи на повторно отворање преговори со Грција, додавајќи дека по победата на „не“ на референдумот во неделата. топката сега е на грчката страна и Атина треба да објасни како може да се реши кризата.

Јункер истакна дека Европската комисија ќе направи се за да се постигне договор, нагласувајќи дека таа треба да се грижи за интерсите на целата еврозона и за волјата „изразена од сите други 18 демократии, бидејќи Грција е само една од 19-те демократии на еврозоната“.

– Не треба да се заборави на Грција, но не треба да се заборави ниту на другите земји, рече Јункер пред Европскиот парламент.

Обвинет од еден италијански европратеник од редовите на евроскптиците дека не внинмава што зборуваат тие и дека цело време гледа во својот мобилен телефон, Јункер одговори дека треба да се прекине со демагогијата и дека тој разменува текстуални пораки со грчкиот премиер во врска на вечерашниот самит.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.