Јункер има „мал црн тефтер“ со политички непријатели

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер денеска изјави дека има мал црн тефтер во кој ги пишува имињата на луѓето кои го „предале“, објави британскиот Би-Би-Си.

Посветеноста на Јункер за поголема евроинтеграција долги години ги иритира евроскептиците и лидерите на некои членки на Унијата, кои сакаат да ги ограничат надлежностите на ЕУ.

Јункер за белгискиот весник „Соар“ истакнал дека својот тефтер го нарекол „Малиот Морис“.

– Во него веќе 30 години запишувам кога некој ќе ме изневери, изјави претседателот на ЕК, не откривајќи чии имиња се наоѓаат во тефтерот.

Тој, меѓутоа, додаде дека не е злопамтило и дека тефтерот „не содржи многу имиња, бидејќи луѓето ретко го изневеруваат“.

– Името на тефтерот доаѓа од германскиот израз „огорченоста на малиот Морис“. Во Луксембург, кога некој ме иритира, му велам: „Внимавај, те чека малиот Морис“, објаснува Јункер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.