Јункер: ММФ не се повлекува од преговорите со Грција

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер не верува дека Меѓународниот монетарен фонд се повлекува од преговорите со Грција, иако неговиот технички тим синоќа од Брисел си замина во Вашингтон, јави ДПА, а пренесе МИА.

– Не мислам, дека можете да го толкувате потегот на ММФ како повлчекување од преговорите, изјави Јункер пред новинарите во Брисел.

Тој смета дека најверојатно ќе има разговори со директорот на ММФ Кристин лагард и оти тоа не е ништо необично.

Јункер уште најави во следните денови средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.