Македонија

Јункер на 25-ти февруари доаѓа во Македонија

Јункер на 25-ти февруари доаѓа во Македонија

Вцепремиерот задолжен за европски прашања во македонската влада, Бујар Османи, информираше во четвртокот дека претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, ќе ја посети Македонија на 25-ти февруари.

„Ова е важен момент за презентација на Стратегијата, но и за охрабрување на владите да ги удвојат напорите за постигнување на новите скратени цели“, рече Османи.

Според Османи, Стратегијата е добра за Македонија, бидејќи се валоризираат успесите на земјата во однос на реформите.

„Македонија е најстара во овој процес и пред Србија, Црна Гора и сите други држави од Западен Балкан, оти имавме Договор за стабилизација и асоцијација во 2001 година, кандидат сме од 2005 година и има најмногу напреднато во процесот на хармонизација со европското законодавство и трансформацијата на општеството“, рече меѓу другото Османи.

Посочи дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата, кој ќе биде соопштен на 17-ти април, треба да потенцира деветта по ред препорака за отпочнување преговори.

Јункер посетата ја најави во вторникот кога се беше презентирана самата стратегија.

„Инвестирањето во стабилноста и просперитетот на Западен Балкан значи инвестирање во безбедноста и иднината на Унијата. Иако за време на сегашниот мандат нема да има проширување, Европската Комисија го трасира европскиот пат за Западен Балкан. Со цврста политичка волја и реални реформи, со дефинитивни решенија на недоразбирањата меѓу соседите, Западниот Балкан може да се придвижи на својот европски пат. Дали ова ќе се постигне ќе зависи од нивните заслуги. Европската Комисија ќе биде строга но и фер. Ќе ја посетам секоја од земјите во Западниот Балкан кон крајот на месецов со јасна порака: Продолжете со реформите и ние ќе продолжиме да ја поддржуваме вашата европска иднина“, изјави неодамна претседателот на Европската комисија.