Јункер: На Грција не и се потребни нови итни мерки

Јункер: На Грција не и се потребни нови итни мерки
Јункер: На Грција не и се потребни нови итни мерки

На Грција не и се потребни нови итни мерки, а оние кои го враќаат сценариото за Грегзит, си играат со оган, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во интервју за грчкото електронско издание „евро2деј”, пренесува БТА.

Јункер истакна дека Комисијата не работи на план за нови итни мерки и дека такви на Грција во моментов не и се потребни.

– Дајте и време на Грција да ги реализира договорените мерки, вели претседателот на Еврокомисијата.

Јункер признава дека има одредени разлики помеѓу европските институции и ММФ во врска со должничкиот проблем на Грција, и начинот како тој да биде надминат.

Претседателот на Европската комисија смета дека ММФ треба да остане во третата грчка спасувачка програма. Тој ја исклучува можноста за номинално „сечење“ на грчкиот долг.