Јункер: Не сум рекол дека Србија и Црна Гора мораат во ЕУ во 2025-та

Челникот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во понеделникот во Тирана изјави дека никогаш не рекол оти Србија и Црна Гора мораат да станат членки на Евртопската унија 2025 година.

„Наспроти тоа што може да се прочита на насекаде, ниту Комисијата, ниту јас, не сме рекле дека Србија и Црна Гора мораат да станат членки на ЕУ до 2025 година. Датумот им е отворен на сите балкански земји”, рече Јункер во Тирана, втората станица на неговата балканска турнеја по Скопје.

„Како датум за прием 2025 година е отворена за сите земји кандидати и во зависност од тоа дали до тогаш или порано или подоцна ќе ги исполнат крутериумите за членство, ние ќе ги призанеме нивните напори”, додаде шефот на ЕК, пред својата турнеја да ја продолжи денеска со посета на Белград.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.