Јункер побара од Ципрас да им објасни на своите граѓани дека нема да ги исполни ветувањата

Претседателот на Европската комисија Жан Клод-Јункер го повика грчкиот премиер Алексис Ципрас да им појасни на своите сограѓани дека нема да ги исполни дадените ветувања.

– Изборите во Грција не ги менуваат условите, рече Јункер за шпанскиот весник „Паис“.

Тој додаде дека е можен нов пристап во однос на грчката криза, можна е дури и поголема флексибилност, но победата не му дава право на Ципрас да промени се.

– Ципрас направи еден голем чекор, но треба да им појасни на грчките гласачи дека нема да ги исполни сите ветувања, кои ги даде пред изборите, нагласи претседателот на ЕК.

Лидерот на Еврогрупата Јерун Дејселблум исто така го критикуваше кабинетот на Ципрас.

– Тие победија на изборите со многу ветувања, кои немаат пари да ги реализираат, изјави Дејселблум и додаде дека Грција има потреба од програма за заштита, но нагласи дека тоа треба уште многу да се направи.

Дејселблум ги означи како целосно нереални тврдењата дека Грција има потреба од трет спасувачки пакет во износ од 30 до 50 милијарди евра.