Јункер: Постои ризик од неуспех на договорот меѓу ЕУ и Турција

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави дека постои голем ризик од неуспех на договорот меѓу ЕУ и Турција за спречување на бегалскиот бран кон Западна Европа, пренесува МИА.

Опасноста е голема. Успехот на договорот досега е слаб. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган веќе неколку пати истакна дека би сакал да го преразгледа, истакна Јункер.

Според него, доколку се случи тоа „може да се очекува мигрантите повторно да тргнат кон Европа“.

Оспоруваниот договор, кој е склучен во март меѓу Турција и ЕУ, успеа да го ограничи приливот на мигранти, но неуспешниот обид за воен удар на 15 јули против Ердоган ја враќа опасноста дека тоа ќе биде ставено на преразгледување.

Чистката, која е спроведена по пучот во Турција, доведе до апсење на илјадници војници, полицајци и судии. Истовремено, стотици луѓе беа отпуштени од работа во државната администрација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.