понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 29

Јункер предупредува дека ЕУ е подготвена да одговори на новите санкции на САД против Русија

Мерките на САД, коишто Трамп неволно ги прифати, ги разлутија функционерите во ЕУ коишто оценуваат дека тие претставуваат прекинување на трансатлантското единство во одговорот на Западот

junker prst

Поврзани вести

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во средата изјави дека САД ги земале предвид некои елементи кои предизвикаа загриженост во Европската унија поради новите санкции на Вашингтон против Русија, но и дека Брисел е подготвен брзо да одговори доколку тие мерки одат на штета на економските интереси на Унијата.

Откако американскиот претседател Донадл Трамп и покрај тоа што изјави дека се во одредена мера „штетни“ ги потпиша новите засилени санкции против Русија коишто ги изгласа Конгресот со закон кој го оневозможува да го поништи, челникот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека Европската унија ќе преземе противмерки доколку американските санкции им штетат на европските компании вклучени во нафтените и гасните проекти со Русија.

„Ние сме подготвени, ние мораме да ги браниме нашите економски интереси наспроти Соединетите држави, и тоа ќе го сториме“, изјави Јункер според транскриптот од разговорот кој го објави неговата служба за односи со медиумите.

Мерките на САД, коишто Трамп неволно ги прифати, ги разлутија функционерите во ЕУ коишто оценуваат дека тие претставуваат прекинување на трансатлантското единство во одговорот на Западот на присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим на Руската Федерација, откако по промената на власта во Куев во март 2014 година тамошното руско и рускојазично мнозинство изгласа на референдум враќање на автономијата укината во 1990-те и враќање во рамките на руските територии, што Западот го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија.

Јункер за германското јавно радио изјави дека е клучно да се дејствува координирано со Соединетите држави за да се осигури ефикасност на санкциите.

Според документот на Европската унија, кој на увид го имала агенцијата Reuters, доколку дипломатијата не успее, Брисел е подготвен да ја искористи регулативата на ЕУ којашто му овозможува да ги брани своите компании против примената на екстериторијалните мерки на САД.

Европската унија, исто така, има планови да вложи жалба пред Светската трговска организација (СТО – WTO).

Најчитани вести