Јункер прогласи победа за претседател на Европската комисија

Кандидатот на партиите на десниот центар за нов претседател, Жан Клод Јункер вчера вечер, по завршувањето на изборите, соопшти дека смета дека резултатите од европските парламентарни избори му обезбедиле победа.

Европската народна партија ги доби изборите и од таа позиција ќе бара место на претседател  на Европската Комисија, напишал Јункер на својот твитер профил.

Европските народни партии ги собираат партиите од десниот центар, а прелиминираните резултати покажуваат дека освоиле најмногу места на вчерашните избори за Европски парламент.

Победата на народни партии, меѓутоа, не значи дека Јункер автоматски ја добил позицијата на председател на Европската комисија, бидејќи новиот претседател го предлага Европскиот совет, кој е составен од шефовите на државите и владите на членките на ЕУ.

Според Лисабонскиот договор, Советот мора да ги земе предвид резултатите од изборите, но тие не го обврзуваат.

Парламентот потоа треба да го потврди нивниот предлог, но засега не е сигурно дека Јункер може да обезбеди доволно гласови.

Европските народњаци според прелиминарните резултати, освоија 216 од вкупно 751 место во парламентот, што прави релативно, но не и апсолутно мнозинство во Европскиот парламент.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.