Балкан

„Не“ од Грците значи ослабена позиција, а „Да“ – тешки преговори

„Не“ од Грците значи ослабена позиција, а „Да“ – тешки преговори

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека гласањето со „не“ на референдумот во Грција ќе ги ослабе позициите на Атина драматично, а ако се гласа „да“ тоа ќе значи – тешки преговори.

Тој ги ограничи коментарите за темата со таа единствена изјава.

Премиерот на Луксембург Ксавие Бетел нагласи дека гласањето со „да“ ќе доведе до „тешки преговори“, а гласањето „не“ ќе значи уште потешки преговори со Атина.

– Разговарав со грчкиот премиер Алексис Ципрас и му реков дека сакам луксембуршкото претседавање со ЕУ да се заснова на доверба, изјави Бетел.

– Мислам дека на луѓето треба да им биде целосно јасно за што или против што гласаат. Референдумот е и за иднината на ЕУ, еврозоната и Европа. Референдумот ќе донесе последици бидејќи треба да ги прифатиме резултатите од него, коментираше Бетел.