Јункер: Шпанија не е Југославија

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер оценил дека Каталонците не се под репресија на Шпанија како и за ситуацијата во која се наоѓаат не може да се спореди со поранешна Југославија.

Во Каталонија не постои кршење на човекови права, бидејќи Каталонците, кои ми се драги и чија култура ја почитувам, не се под репресија на Шпанија. Не може да се повлекува паралела со Словенија и други земји на поранешна Југославија и она што се случува во Каталонија”, рекол Јункер за португалска телевизија РТП.

Јункер додал дека “утре или задутре не ја сака ЕУ со 95 различни земји”.

Ја изгубивме контролата. Националното единство и европското единство се работи кои одат заедно”, рекол Јункер, како што наведува Хина, повторно ја отфрлил можноста за посредување во конфликтот меѓи Барселона и Мадрид.

Шпанскиот сенат денеска ќе гласа за мерките кои минатата недела ги предложи шпанскиот премиер Маријано Рхој за распуштање на каталонската влада и распишување вонредни избори во рок од шест месеци. Тие мерки ќе значат шпанските министерства, во текот на шест месеци, да организираат предвремени каталонски избори, да управуваат со каталонската полиција, финансиите, јавните медиуми, телекомуникациите и информатичките служби.

Каталонскиот парламен во тој период не може да ги поништи мерките ниту да предложи нов претседател на регионална влада. Ситуацијата е излезена од контрола, бидејќи владата и еден дел од каталонскиот парламент излегле од рамките  на законот. Шпанскиот устав е јасен – не можат да организираат референдум за отцепување, рекол Јункер.

Тој додал дека Европа нема никаква улога во конфликтот помеѓу Барселона и Мадрид. Шпанците се тие кои треба да го решат тој проблем, порачал Јункер