Јункер вели дека Тереза Меј е „тврд орев“

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер е свесен дека британската премиерка Тереза Меј е „тврд орев“, рече во средата пред преговорите за истапувањето на Велика Британија од Европската унија кои можат да бидат напнати.

„Забележав дека таа е тврд орев“, рекол Јункер во доверба, реагирајќи во Брисел на изјавата во којашто ден претходно Меј себеси се опиша како „проклето тешка“ во преговорите, пренесува AFP.

„Многу ја почитувам британската премиерка. Мила ми е како личност“, додал претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Медиумите последните два дена известуваа за тензии меѓу двата табора со приближувањето на преговорите за излегувањето на Велика Британија од Европската унија, кои треба да започнат по одржувањето на британските парламентарни избори закажани за 8 јуни, кои ги бараше премиерката Тереза Меј.

Неколку часа пред главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, детално да ги изложи насоките за преговорите, британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис, порача дека, доколку договорот биде постигнат, Велика Британија „нема да мора ништо да плати“.

Финансиското решавање на обврските кои Велика Британија ги преземала како земја членка, е едно од најспорните прашања коешто ЕУ по секоја цена мора да биде решено за до 29 март 2019 година се постигне „средено излегување“.

„Мислам дека Дејвид Дејвис не беше во право кога се закануваше со напуштањето на преговорите. Моето политичко искуство секогаш беше дека тие кои заминуваат мора да се вратат“, рекол Јунекр.