Јунската плата пониска во споредба со мајската

Просечната плата во Република Македонија за месец јуни е за нешто повеќе од 300 денари пониска во однос на истата во месец мај, ова го покажува најновото соопштение на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во јуни 2018-та година, изнесува 24.203 денари, што е за нешто повеќе од 300 денари помалку во однос на просечната исплатена нето плата во месец мај.

Просечната нето плата во месец мај според Државниот завод за статистика била 24.509 денари, или за 306 денари повеќе отколку во јуни.

Инаку, да потсетиме едно од главните ветувања на сегашната власт во кампањата пред парламентарните избори во 2016 година беше 500 евра просечна плата, но како што коментираат граѓаните и добро упатените со ваквиот начин на работење во економијата, до такво нешто нема начин како би дошло.

Покрај просечната плата, Заев во кампањата ветуваше 100 илјади денари плата и за специјалистите доктори, но и од тоа ветување засега нема ништо.

Како што велат упатените во состојбите, со моменталните економски бројки кои нашата држава ги има, овие ветувања на сегашната власт може да останат само за граѓаните.