Јуратовиќ: Потребно е да се спречи радикализацијата на Балканот

Известувачот за југоисточна Европа од пратеничкиот клуб на Социјалдемократската партија во германскиот Бундестаг, Јосип Јуратовиќ укажа дека проблемот со регрутирање на џихад постои во државите на поранешна Југославија.

Јуратовиќ побара од Европа и меѓународната заедница повеќе да се ангажираат на создавање на економска перспектива за спречување на понатамошната радикализација.

„Европа и меѓународната заедница за овој нестабилен регион мораат интензивно да се ангажираат и да создадат политичка и економска перспектива за идната радикализација да биде спречена“, изјави Јуратовиќ.

Тој пред седницата на парламентарната поткомисија посветена на прашањата за превентивно спречување учество во војната за заштита на младите екстремисти и повика на ангажирање на луѓе, кои пораснале во Германија, кои потпаднале под влијание на радикалните движења да не се претворат во „топовско месо“ за екстремните џихадисти.

„Ние мораме на тие млади луѓе да им понудиме перспектива и повторно да ги интегрираме во општеството, под претпоставка дека се дистанцирале од тероризмот. Мотивите за учество во џихад се само делумно од религиозно-идеолошка природа“, додаде Јуратовиќ.

На крај, тој апелираше до младите да не дозволат да се претворат во оружје на злосторничките структури.