Јурова: Околу 6.000 Европјани се борат на боиштата во Сирија

Бројот на Европјани кои се борат на боиштата во Сирија на страната на џихадистите најверојатно е поголем од 6.000, изјави денес европската комесарка за правосудство Вера Јурова, пренесува Танјуг.

– Проценките се дека од цела Европа во Сирија заминале околу 5.000 до 6.000 поедници, изјавила Јурова во интервју за францускиот весник „Фигаро“, додавајќи дека реалниот број најверојатно е многу поголем, но дека неможе точно да се утврди поради проблемите со влегувањето во трага на странските борци коишто учествуваат во конфликтите.

– По терористичките напади во Париз и Копенхаген одлучивме дека не треба да си допуштиме да не води стравот, рекла Јурова говорејќи за двата напади на исламистите во Париз во јануари, како и за пукотниците во културниот центар во главниот град на Данска.

Според неа фокусирањето врз оние што се обидуваат да отпатуваат во Сирија за да им се приклучат на џихадистите или на оние што се враќаат од тој конфликт претставува „задоцнета реакција“.

Европската комесарка наведува дека ЕУ наместо тоа сака да ја унапреди превенцијата како сретство за намалување на постојаниот одлив на европски државјани, што подразабира и истражување на различните причини, освен верските, поради што луѓето им се приклучуваат на џихадистичките групи.

Таа додава дека ЕУ исто така се фокусира на побрзата размена на иформации помеѓу полицијата и судските власти во државите членки на ЕУ со цел подобра размена на информации.

фото:huffingtonpost