Јусеин Болт постави нов светски рекорд

Најбрзиот човек на светот, Јусеин Болт постави нов светски рекорд во атлетиката откако во Варшава истрча 100 метри во затворен простор за рекордни 9,98 секунди.

Со истрчаното време во салата во главниот град на Полска олимпискиот рекордер го урна рекордот кој беше во сопственост на намбискиот атлетичар Френки Фредерикс кој во далечната 1998 година во истата дисциплина истрча 100 метри за 10,05 секунди.

Јамајканскиот спринтер настапува во Варшава за добро да се подготви за митингот во Цирих кој е дел од Дијамантската лига.

Извор: Sportmedia.mk