Јутарњи лист: Уапсени членови на криминалната група „Пинк Пантер“

Шестмина државјани на Србија, БиХ и на Црна Гора кои се уапсени во загрепската населба Сигет под сомнение дека планирале ограбување банки, се огранок на бандата Пинк Пантер, објави Јутарњи лист, пренесува МИА.

Тие се уапсени вчера во голема полициска акција.

Весникот додава дека со тоа „полицијата спречила добро испланирана серија крвави разбојништва во финансиски институции во метрополата“.

Во станови и гаражи кои ги користеле, запленети се повеќе бомби, динамит, оружје и муниција. Криминалната група украла и три автомобили кои требало да ги користат при ограбувањата и потоа да бидат запалени.