Магазин

Јутјуб ќе ги наплаќа содржините?

Јутјуб ќе ги наплаќа содржините?

Интернет порталот Јутјуб би можел наскоро да почне со наплаќање на гледањето на содржините, што ги објавува во замена за отстранување на рекламите, изјави неговата директорка Сузан Војцицки.

– Посетителите на порталот во иднина би можеле да избираат меѓу рекламите или можноста да го платат гледањето на содржините, истакна Војцицки на конференција во САД.

Јутјуб сега се финансира со наплаќање на куси реклами, кои посетителие на сајтот мораат да ги погледнат, пред да го видат видеото, што го барале.

– Размислувам за тоа на корисниците да им го препуштиме изборот, изјави директорката на Јутјуб.

Таа рече дека има корисници, кои се подготвени да платат за да не ги гледаат рекламите.