Јуве ја доби првата битка со Реал – дали ќе ја добие и целата војна ?!

Синоќа беше одигран првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, а предност по првите 90 минути обезбеди тимот на Јувентус.

“Старата дама” славеше против Реал Мадрид со 2:1, победа која на реваншот ќе се обидат да ја претворат во финале.

Иако на прв поглед се чинеше дека Реал во поголемиот дел од натпреварот беше надмоќен, сепак токму таквата дисциплинирана игра на италијанскиот шампион вроди со плод, па секој од оние ретки напади кои ги имаше Јуве беше помалку или повеќе опасен по голот на Касиљас.

Домаќините поведоа преку довчерашниот играч на “кралевите”, Алваро Мората уште во 8-та минута, а Кристијано Роналдо постигна многу значаен гол во 27-та минута. Токму асистентот на тој гол, Хамес Родригез имаше инзвонредна прилика да ги доведе гостите во водство од 2:1, но биеше во пречката од само два метра одалеченост од голот. Казната стигна нешто подоцна, кога при една молскавичен противнапад на Јувентус, Дани Карвахал го фаулираше Карлос Тевез во шеснаесетникот, по што судијата досуди пенал. Токму Тевез го изведе ударот од 11 метри и со погодокот го постави конечниот резултат, 2:1.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.