Јуве проба но не ги осигура услугите на Александре Пато

Сензационалната информација дека актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, не успеал во намерата да ги осигура услугите на стандардниот првотимец во дресот на бразилскиот прволигаш Коринтијанс, Александре Пато, е потврдена и од агентот на поранешниот напаѓач на Милан, Гилмар Велоз.

“Се е точно, точно е дека добивме неколку официјални понуди и сите од клубови кои се натпреваруваат во италијанската Серија А. Добивме понуда и од актуелниот шампион, тимот на Јувентус. Челниците на Јуве сакаа прво да го позајмат мојот клиент, а потоа и да го откупат неговиот договор на крајот од актуелната сезона. Нивната понуда експресно беше одбиена од раководните лица на Коринтијанс. Јас немам никаква дилема, знам дека Јувентус ќе испрати нова понуда за Пато на стартот од летниот преоден рок.