Спорт

Јувентус го понуди Бонучи и 15 милиони евра за Ерик Ламела

Јувентус го понуди Бонучи и 15 милиони евра за Ерик Ламела

Генералниот менаџер на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Џузепе Марота, ќе се обиде до крајот на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на најскапата аквизиција во клупската историја на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Ерик Ламела.

Иако беше купен за рекордни 36 милиони евра, Ламела одигра само неколку првенствени натпревари, а осанатите ги следеше од клупата за резервни фудбалери и од свечената ложа.

Во паричната понуда што Јувентус ќе ја испрати до сопственикот на “петлите”, Даниел Леви и која сигурно нема да биде помала од 15 милиони евра, главниот оперативе на “старата дама”, ќе ги вметне и услугите на централниот дефанзивец, Леонардо Бонучи кој е проценет на 15 милиони евра.