четврток, 29 јуни 2017  |  Вести денес: 43

Јувентус и Лестер четвртфиналисти во Лигата на шампиони

Екипите на Јувентус и на Лестер се пласираа во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони, откако во осминафиналната рунда ги елиминираа Порто, односно Севиља.

113420760

Поврзани вести

Италијанскиот првак Јувентус и во вториот натпревар, овој пат одигран на домашниот терен, го победи Порто со 1:0 и со вкупни 3:0 оди понатаму. Стрелец на единствениот гол на натпреварот одигран на „Јувентус Арсена“ во Торино беше Пауло Дибала во 42.минута од пенал.

На вториот синоќешен дуел во елитното натпреварување, англискиот шампион Лестер во реваншот на домашен терен ја победи Севиља со 2:0 и ја анулира негативата од првиот меч од 1:2.

Капитенот Вес Морган во 27.минута и Марк Олбрајтон во 54.минута беа стрелци на головите за Лестер, додека голманот Каспер Шмајхел во 80.минута го одбрани ударот од белата точка на Стивен Н’Зонзи. Севиља средбата ја заврши со десет фудбалери откако Самир Насри во 74.минута го заработи својот втор жолт картон.

Покрај Лестер и Јувентус досега место меѓу осумте најдобри изборија и: Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

Последните два патника во четвртфиналето ќе ги дознаеме вечерва по одигрувањето на реванш средбите меѓу Атлетико Мадрид – Баер Леверкузен (4:2 прв натпревар) и Монако – Манчестер Сити (5:3).

Најчитани вести