Спорт

Јувентус и Рома продолжуваат со доминацијата во Серие А

Јувентус и Рома продолжуваат со доминацијата во Серие А

Продолжуваат возбудувањата во италијанската Серие А, откако водечките Јувентус и Рома славеа на домашен терен против Торино, односно Интер.

“Старата дама” многу потешко од очекувањата победи против градскиот ривал Торино, со голот на Пирло во судиското надополнување. Репрезентативецот на Италија со одличен удар од далечина буквално во последните секунди од натпреварот му донесе нови три бода на својот тим.

Инаку првиот гол за Јувентус го постигна Артуро Видал во 15-та минута од пенал, а израмни Перез во 22-та минута по една фантастична соло акција во која го претрча речиси цел терен.

Во Рим се одигра дербито на ова коло, каде Рома со 4:2 славеше против Интер.

Натпреварот изобилуваше со шанси, а резултат на тоа се и погодоците, вкупно шест на овој меч.

Серијата голови ја отвори крилниот напаѓач на “римската волчица”, Жервињо, откако погоди по 22 минути игра. За израмнување на резултатот на 1:1 се погрижи Ранокиа во 36-та минута, а тоа беше и конечниот исход по првиот дел.

Само што започна второто полувреме, Холебас погоди и ја донесе Рома до ново водство. “Нероазурите” повторно израмнија во 57-та минута преку Пабло Освалдо, напаѓачот кој дел од својата кариера помина и во редовите на Рома.

Сепак, Интер тука застана, а тоа знаеше како да го искористи еден од најдобрите фудбалери на Рома изминативе две сезони, Миралем Пјаниќ кој со два погодока, во 60-та и 92-та минута ги постави конечните 4:2 и го остави својот тим во игра за Скудетото.


Roma – Inter (4-2) – Full Highlights 30-11-2014… by musicandother2014

Серие А, 13.коло

Сабота:

Сасуоло – Верона 2:1

Киево – Лацио 0:0

Недела:

Каљари – Фиорентина 0:4

Чезена – Џенова 0:3

Емполи – Аталанта 0:0

Милан – Удинезе 2:0

Палермо – Парма 2:1

Јувентус – Торино 2:1

Рома – Интер 4:2

Понеделник:

Сампдорија – Наполи (21:00 ч.)